ВИДЕО | Добра вест за фановите: Ѓоковиќ започна со тренинзи

Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

По операцијата на коленото и повредата која ја заработи на Ролан Гарос во Париз, Новак Ѓоковиќ започна со тренинзи во Белград.

Ѓоковиќ имаше пауза од само неколку дена и сега е време за рахабилитација со цел да биде максимално спремен за Олимписките игри, но не се исклучува можноста да го видиме и на Вимблдон.

Најголемата цел за Ѓоковиќ летово е настапот за Србија на Олимписките игри, бидејќи олимпиското злато е нешто што му недостасува, па Вимблдон во овој момент е во втор план.

Но, со оглед на тоа дека турнирот започнува на 1. јули Ѓоковиќ има половина месец да се подготви, сепак прашање е дали ќе ризикува влошување на состојбата пред настапот во Париз.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот