Одборот за акредитација на високото образование ја поништи акредитацијата на Факултет за здравствени науки на Мерко

Одборот за акредитација на високото образование на денешната седница донесе Одлука за поништување на акредитацијата на проектот за основање на Факултет за здравствени науки на приватната високообразовна установа Меѓународниот Универзитет во Струга.

„Со оваа Одлука на Одборот за акредитација на високото образование се поништуваат и сите други правни дејства во врска со почеток со работа на Факултетот за здравствени науки на приватната високообразовна установа Меѓународниот Универзитет во Струга“, соопштија од Одборот за акредитација на високото образование.

Минатата недела од Одборот за акредитација на високото образование сооштија дека на Факултетот за здравствени науки на Меѓународниот Универзитет во Струга нема да се запише ниту еден студент и нема да започне со работа се додека не се исполнат законските услови за акредитација на студиските програми за прв циклус на стручни студии за општа медицинска сестра и студии за здравствена нега.

Одборот за акредитација на високото образование не дозволи студирање на Факултетот за медицина на Мерко

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот