Одбива да ве слуша, не ве гледа во очи: Неколку знаци дека вашето куче ви е луто

Фото: Pexels/ Dominika Roseclay

Кучето кое е среќно и задоволно, веројатно ќе биде подготвено да воспостави контакт со очите, со својот сопственик и ќе го побара нивното внимание. Но, ако се налути или вознемири, ќе се сврти и ќе го избегнува.

Кучето може да се оддалечи од сопственикот или да ја напушти собата, па дури и да спие на друго место, доколку е луто на него, пишува „Ридерс дајџест“. 

Одбива да ве слуша

Понекогаш кучето знае што сака сопственикот од него, но одбива да го направи тоа. На пример, вие го викате да дојде, а тоа упорно одбива.

Тоа може да биде знак дека е вознемирено поради нешто во неговата околина или поради вас. Пред да се вознемирите, одвојте еден момент и проверете зошто тоа е така. Вашите моментални емоции можат да влијаат на кучето. Дали се чувствувате под стрес, луто, вознемирено или тажно?

Во тој случај направете нешто за да се смирите, зошто тоа ќе му помогне и на вашето куче да се чувствува поудобно.

Фото: Pexels/ dids

Стои во место со опашката меѓу нозете

Кучињата, како и луѓето, се емотивни суштества, па не е ни чудо што некои работи ги сфаќаат лично, можеби дури и премногу.

На пример, ако кучето стои вкочането со опашката меѓу задните нозе, ова може да открие дека ја сфаќа вашата критика повеќе лично отколку што мислите. Ова може да се случи ако го исмевате или разговарате со него премногу грубо. Тогаш кучињата можат да се лутат буквално како тинејџери.

Во такви ситуации, добро е да го намалите тонот на гласот и да разговарате со миленичето тивко и смирувачки. Ова ќе ја врати врската меѓу вас и ќе ја зајакне довербата на кучето.

Намерно ги оштетува вашите работи

Некои кучиња можат да бидат одмаздољубиви кога ќе се налутат и знаат да направат нешто лошо, за да го привлечат вашето внимание и да предизвикаат реакција. На пример, тие може да уринираат на вашиот чевел или дури го џвакаат и уништат.

Добра идеја е, на таквите кучиња да им дадете неколку стимулативни играчки за џвакање по кои ќе можат прво да посегнат кога ќе почувствуваат такви деструктивни нагони.

Претерано се проѕева

Исто така, внимавајте кога кучето претерано се проѕева, бидејќи тоа може да открие, не дека му е досадно во вашето друштво, туку дека е под стрес или е вознемирено. Експертите за однесување на кучињата велат дека, кучето треба веднаш да се отстрани од ситуацијата во која се наоѓа, бидејќи очигледно не знае како да се справи со тоа и не се чувствува добро.

Фото: Pexels/ Ivan Babydov

Не ве гледа во очи

Ако некое човек одбива да ве погледне во очи и ви го врти грбот, јасно ќе ја добиете пораката дека ви е лут. Истото е и со кучињата. Кучето кое е среќно и задоволно, веројатно ќе биде подготвено да воспостави контакт со очите со својот сопственик и ќе го бара неговото внимание, додека кучето кое е луто или вознемирено може да избегне ваков тип на интеракција и да се оддалечи од својот сопственик, да ја напушти собата или дури и спие во друга соба.

Во тој случај понудете му спокојно, тивко време кое ќе го поминете заедно со кучето, за да се опуштите.

Запомнете дека вашето домашно милениче внимава на вас и ги набљудува промените на вашето лице. Затоа, ако сакате веднаш да го израдувате, насмејте му се со широка насмевка на лицето, тоа ќе биде знак за него дека сè е во ред.

Исто така, ако видите дека се лути и не сака да се занимава со вас, оставете го да се „олади“, тоа само ќе дојде кај вас кога ќе прекине да ви се лути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот