Одби да игра фудбал, ги критикуваше Турците и доби отказ!

фото: твитер

Нигериецот кој своевремено во кариерата беше дел од лондонскиот Челзи е исто така свесен поради хаосот во светот поради коронавирусот.

Џон Оби Микел (32) официјално го раскина договорот со турскиот фудбалски клуб Трабзон иако истиот истекуваше до 31 мај 2021 година.

Нигериецот кој своевремено во кариерата беше дел од лондонскиот Челзи е исто така свесен поради хаосот во светот поради епидемијата на коронавирусот.

Голем број на фудбалски шампионати ширум Европа и светот се прекинати, но и натаму се игра фудбал во Турција.

Пред три дена на својот „Инстаграм“ профил го изрази незадоволството кон турската фудбалска федерација и истакна дека има поважни работи од фудбалот:

– Не се чувствувам пријатно и не сакам да играм фудбал во оваа ситуација. Секој треба да биде дома со своите семејства и најблиските во ова критично време. Сезонавата треба да биде откажана, бидејќи светот се соочува со такви турбулентни времиња – напиша Оби Микел на „Инстаграм“.

Денеска Трабзонспор на својот официјален клупски сајт ја потврди разделбата со Оби Микел.

Најголемите клупски успеси ги имаше во Англија со Челзи, двапати ја освои Премиер лигата, трипати ФА Купот, а по еднаш Лига купот, ФА Комјунити Шилд, Лигата на шампионите и Лига Европа.

Сезонава во најсилното турско првенство имаше 19 натпревари за Трабзонспор и моментно овој клуб е на првото место во шампионатот со 53 бодови, колку што има и второпласираниот Истанбул Башакшехир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот