Од сметката на германската компанија „Виркард“ недостигаат 1,9 милијарди евра

Фото: EPA-EFE/LUKAS BARTH-TUTTAS

Управниот совет на „Виркард” (Wirecard) утврди дека од сметката на германската компанија за платежни услуги недостигаат 1,9 милијарди евра.

Компанијата тврди дека најверојатно ревизорите добиле лажна документација за банкарските сметките и оти не може да се исклучи можноста „Виркард” да е жртва на измама.

Откако беше утврдено дека недостигаат околу две милијарди евра од сметката на „Виркард” водечките луѓе на компанијата поднесоа оставки, додека акциите во петокот забележаа пад од 26 проценти и чинеа 29,30 евра.

Всушност акциите на „Виркард” паднаа за 84 отсто во споредба со нивната највисока вредност во август 2018 година.

„Виркард” првично ги оспоруваше наводите на „Фајненшл тајмс” за нерегуларности во сметководството и тврди дека е жртва на шпекуланти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот