Од скапо засилување до вишок: За Грилиш во Манчестер сити нема место!
Изгледа дека приказната на Џек Грилиш во Манчестер сити завршува. Англискиот фудбалер не се најде на списокот патници за Светското клупско првенство, што според многумина е јасен сигнал дека Пеп Гвардиола повеќе не смета на него.
Препорачано
Грилиш во Сити пристигна летото 2021 година како едно од најскапите засилувања во историјата на англискиот фудбал и „граѓаните“ за него му платија 100 милиони фунти на тимот Астон вила, со статус на стандардeн англиски репрезентативец. Но, оттогаш, неговата улога постепено се намалуваше.
Минатата сезона беше стартер само седум пати, а не доби ниту минута во финалето на ФА Купот против Манчестер јунајтед, по што стана јасно дека разделбата е само прашање на време.
Според информации на „Телеграф“, Грилиш нема да патува со тимот во САД, каде Сити ќе ја започне подготовката за следната сезона. Во меѓувреме, клубот работи на ангажман на нови фудбалери во средниот ред, а приоритети се Тијани Рејндерс и Рајан Черки, кои треба да ги пополнат празнините.
Грилиш, велат извори блиски до клубот, ја прифатил ситуацијата со зрелост и е свесен дека неговото време на „Етихад“ заврши. Како опција за Грилиш се споменуваше Наполи, каде што најверојатно ќе се пресели и неговиот соиграч Кевин Де Брујне.


