Од секс симбол до жена од село – Го напушти гламурот и продолжи да живее како што сака – Изабела Роселини! (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Како ќерка на убавицата и позната актерка Ингрид Бергман и италијанскиот режисер Роберт Роселини, не не чуди што Изабела Роселини тргна по стапките на своите родители, меѓутоа, нејзините први значајни ангажмани се случиле, според денешните стандарди, доста доцна.

Во доцните деведесети таа ја започна кариерата на модел која е прекината со раскинувањето на договорот со „Ланком“, бидејќи наводно, во своите 40-ти, таа била престара за да биде амбасадорка за убавината на парфем. Но таа соработка е обновена кога во 2016 година Исабела веќе беше во своите 60-ти, а продолжена е се до денес.

Фото: Инстаграм
една половина таа, една половина мајка и

Светската слава ја стекна во филмовите „Сино кадифе“ и „Смртта добро и прилега“ 1980-ти и 1990-ти, но Роселини не престана да глуми ниту денес. Освен со појавувањето во филмот „Непријател“ и серијата „Домино“, таа во 2000-та ја режираше, продуцираше и глумеше во веб серијата „Green Porno“. Во неа на забавен и духовит начин ги објаснуваше ритуалите на парење, влегувајќи во улога на животните.

Доколку се уште не се го погледнале, погледнете го животнинското царство на начин на кој не сте го виделе досега. Со слична тематика се занимава и во најновото „Sex & Consequences” комично онлајн шоу (кое сепак е поддржано со научни факти) и ја објаснува репродукцијата кај животните.

Фото: Инстаграм

Но нејзината љубов ниту интересот не застануваат на тоа. Изабела Роселини е горда сопственичка и на фарма на Лонг Ајланд на која се наоѓаат кокошки, овци и други животни, за што редовно известува на својот Инстаграм профил, а дури ја објави и книгата „My Chickens and Me”.

Фото: Инстаграм

Изабела Роселини, актерка во триесетите, модел во четириесетите, режисер и жена која живее на фарма во своите шеесети, е инспирација за сите нас и доказ дека за ништо во животот никогаш не е доцна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот