Од руската вакцина околу 14 проценти од тестираните имаат благи поплаки

Фото: EPA

Од повеќе од 300 доброволци вакцинирани за време на испитувањата по регистрацијата на руската вакцина за Ковид-19, наречена „Спутник V”, само околу 14 проценти пријавиле замор, болки во мускулите или висока температура, изјави рускиот министер за здравство Михаил Мурашко за РИА Новости.

 Повеќе од 300 луѓе се вакцинирани. Околу 14 проценти имаат благи поплаки од замор или благи болки во мускулите во текот на денот, понекогаш со висока температура, изјави Мурашко.

Тој додаде дека овие „мали компликации” биле предвидливи и, како што вели, „така е наведено и во упатството”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот