Од понеделник охриѓани ќе можат да се капат и во базен

Отворениот базен што функционира во рамки на ЈП „Билјанини извори” во Охрид од понеделник ќе биде отворен за корисниците.

Изминатиот период јавното претпријатие спровело активности неопходни за активирање на базенот, како проверка на системот за прочистување и одржување на квалитетот на водата во базените, комплетно чистење на коритата на малиот и големиот базен, како и уредување на просторот околу двата базени.

Градскиот базен „Атина Бојаџи” ќе биде отворен за сите корисници и тоа од 9 до 14 часот за пливачките школи и клубови и од 14 до 20 часот за сите рекреативци. Еднодневен билет за рекреативно користење на базените за една особа изнесува 60 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот