Од наредната сезона албанските фудбалери во Италија ќе имаат статус на домашни

Фото: EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Албанија, Арманд Дука потврди дека фудбалерите од оваа земја од наредната сезона ќе имаат статус на домашни во сите лиги во Италија.

Одлуката доаѓа како резултат на неодамнешната посета на албанскиот премиер Еди Рама во Италија. Во јануари Рама се сретна со претседателот на Фудбалскиот сојзу на Италија, Габриеле Гравина и договорот стартува почнувајќи од сезоната 2024/2025.

„Донесена е историска одлука за албанските фудбалери и албанскиот фудбал. Фудбалскиот сојуз на Италија ја потврди одлуката и од сезоната 2024/2025 албанските фудбалери ќе имаат статус на домашни играчи. Ова ќе биде одлична можност за голем број наши фудбалери“, изјави Дука.

Во Серија А во овој момент играат 13 фудбалери од Албанија и голем дел од нив имаат важна улога во своите тимови. Ќе потсетиме, албанската репрезентација летово ја очекува и настапот на Европското првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот