Мерилин Монро / Фото: Profimedia

Од накит до приватни писма — скриениот свет на Мерилин Монро оди на аукција

Децении по смртта на Мерилин Монро, јавноста продолжува да биде фасцинирана од сè што остави зад себе холивудската икона, а новата аукција го потврдува ова на најинтимен можен начин.

Од накит и облека до приватни писма, рачно напишани белешки и поезија, аукцијата наскоро ќе прикаже предмети што го откриваат нејзиниот скриен, поранлив свет, пренесува „Ројтерс“.

Предметите вклучуваат облека од гардеробата на актерката, накит, писма, рачно напишани белешки, слики и поезија.

– Мерилин е едноставно икона. Луѓето сè уште ја сакаат и обожаваат Мерилин до ден-денес – рекол Брајан Чејнс, виш директор за Холивуд и забава во „Херитиџ окшнс“ за време на претпремиерата на колекцијата.

Родена како Норма Џин Мортенсон во Лос Анџелес во 1926 година, Мерилин Монро стана позната актерка, модел, пејачка и секс симбол позната по својата руса коса и фигура на песочен часовник. Починала во 1962 година.

„Херитиџ окшнс“ отвора јавна аукција за предмети од имотот на поетесите Норман и Хеда Ростен, блиски пријатели и доверливи лица на актерката.

Продажбата, која ќе се одржи на 1 јуни, ќе се совпадне со 100-годишнината од раѓањето на ѕвездата, а ќе бидат претставени лични предмети од 1955 до 1962 година.

Меѓу највпечатливите предмети што ќе бидат понудени на аукцијата се документи што никогаш порано не биле видени во јавноста, а кои фрлаат светлина врз внатрешниот живот на Монро. Документите даваат увид во нејзините романтични врски, стравовите од изгубена бременост и нејзините мисли за смртноста.

– Ова е навистина нешто посебно бидејќи ова не е материјал што се купувал и продавал со децении. Ова е откритие – рекол Чејнс.

Од накитот што го носела Монро до уметничкото дело што некогаш го држела, колекцијата им нуди на купувачите интимен поглед во нејзиниот скриен свет. Аукцијата вклучува и преписка со нејзиниот поранешен сопруг, драматургот Артур Милер, откривајќи ја емоционалната сложеност на нивниот брак, како и претходно невидено писмо од психијатарот на Монро во кое се опишува денот пред нејзината смрт.

Чејнс истакна едно особено емотивно дело од времето кога Монро го снимала „Некои го сакаат тоа жешко“. На парче хартија од хотелот дел Коронадо, таа моли за помош додека нејзините внатрешни ментални борби се закануваа да ја попречат целата продукција.

– Непосредно пред речиси да се предозира, што ги принуди да го прекинат снимањето, таа напиша: „Се чувствувам како да се давам“ – се присетил Чејнс.

– Можете да ја почувствувате таа мака во нејзините белешки – додал тој, забележувајќи дека Монро нацртала стапче во вода на истото парче хартија, молејќи за помош.

Цртежот алудира на менталните здравствени проблеми на актерката во текот на нејзината кариера.

Шеесет и три години од смртта на Мерилин Монро: „Во Холивуд ти плаќаат илјада долари за бакнеж и 50 центи за твојата душа“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот