Од надојдените води од врнежите однесен регионален пат во кривопаланечко

Фото: МИА

Надојдените води од обилните врнежи од дожд што попладнево непрекинато врне во Крива Паланка и околината, однесоа дел од регионалниот пат од селото Огут кон село Нерав.

Станува збор за пат кон планинското село Нерав оддалечено повеќе од дваесет километри од градот.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, вечерва излезе на терен со жителите на селото Огут, аедно со службите од ЈП Државни патишта -Македонија пат, согледувајќи ги состојбите.

„Проблемите на граѓаните се и наши, заеднички и затоа меѓу нив сум во секое време. За жал против природните сили, природните непогоди, не може ништо да се направи, но наша обврска е да се справуваме со последиците, со настанатите штети во најбрз можен рок. Крива Паланка деновиве е погодена од засилени дождови кои во рок од 48 часа бележат околу 55 литри на метар квадратен. Оваа водена маса предизвика појава на повеќе од десет свлечишта на територијата на општината за чиешто санирање се мобилизирани сите надлежни служби и одржан е состанок на општинскиот кризен штаб со изречни заклучоци, рече градоначалникот на Општина Крива Паланка“, Сашко Митовски.

Истакна дека дел од службите веќе работат на санирање на неколку локации, останатите свлечишта ќе се решаваат по создавање соодветни услови за тоа, бидејќи постои ризик од нивна поголема активност.

ВИДЕО: Делови од Прилеп под вода

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот