ВИДЕО: Делови од Прилеп под вода

Интензивните врнежи од дожд кои го зафатија пелагонискиот регион поплавија делови од Прилеп.

Поплавени се пониските делови од улици во централното градско подрачје, поради неможноста на атмосферската канализација да ги прифати големите количини на вода.

На објавените видеа улиците се претворени во реки, а движењето со автомобил попладнево беше отежнато.

Невремето го зафати пелагонискиот регион околу 15 часот.

Прилепскиот градоначалник Борче Јовчески посочува дека состојбата веќе се стабилизира.

„Под еден подвозник имало два автомобили, за кои, од Противпожарната бригада ме известија дека биле брзо извадени. Во градските подрачја, шахтите ја собрале акумулираната вода од улиците,“ изјави Јовчески за „Макфакс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот