„Од играчка плачка“: Нејмар во Барселона на суд! (ФОТО)

twitter.com/BarcaUniversal

Нејмар сепак наскоро ќе се најде во Барса, но не со намера повторно да го облече дресот на каталонскиот фудбалски гигант. Ќе се најде пред судот во Барселона на 27 септември, а станува збор за обострана тужба.

Нејмар ја тужи Барселона за 26 милиони, додека шпанскиот клуб го тужи фудбалерот за 75 милиони евра.

За продолжување на соработката во 2016 година со клубот играчот требаше да добие 40 милиони евра бонус кои требаше да ги добие на две рати. Значи, итна исплата од 14 милиони евра со преостанатата сума од 26 милиони да бидат префрлени на банкарската сметка на Нејмар.

Но, тој доби доби само една рата од 14 милиони, по што следуваше рекордниот трансфер во ПСЖ од 222 милиони евра. Сега Нејмар ги бара своите пари плус 10 отсто камата.

Од друга страна, Барселона го тужи Бразилецот и бара надополнување на штетата од 75 милиони евра поради неисполнување на обврските во потпишаниот договор, односно заминување во ПСЖ.

Нејмар поднесе жалба за ситуацијата до ФИФА во февруари 2018 година, но светското раководство на фудбалот имаше поважни работи што требаше да ги следи.

Заврши летниот преоден рок во Шпанија, ништо не се официјализираше барем досега од враќање на бразилската звезда во Барса, ниту прифати некоја од понудите кои се шпекулираа низ медиумите од страна на Реал Мадрид, и на крајот остана во ПСЖ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот