Очевидец од Тетово: Што можевме помогнавме, страшно беше, вадевме тела од болницата

Очевидец на пожарот во Тетово/ Фото: Слободен печат

Џемил Зибери, очевидец од вчерашната несреќа во Тетово, за „Слободен печат“ изјави дека помогнале колку што можеле, а состојбата во болницата била страшна.

„Излеговме надвор кога го видовме пожарот, од третиот прозорев од внатрешната страна. Истрчавме да помогнеме, јас се јавив на службите на ЕВН. Заедно со колегите истрчавме да ја изгасиме струјата. Што можевме да помогнеме, помогнавме, тоа што можевме да спасиме, спасиме“ вели Зибери.

Тој додаде дека директно учествувал во спасување, вадејќи неколку тела од болницата.

„Се слушаа плачења, викања, навистина беше страшно“ изјави тој.

Очевидецот кажа дека не познавал никој од пациентите во болницата и дека цела жителите на целата улица излегле да помогнат во гаснењето на пожарот.

Претходно и очевидецот Неџмедин Алити, 37 годишен фудбалер од Тетово, раскажа дека синоќа меѓу првите луѓе истрчал на местото на пожарот во модуларната ковид болница во Тетово и учествувал во гаснењето.

Тој раскажува за страшната глетка, кога пожарот ја уништи целата болницаи во кој загинаа 14 лица, а 12 се извлечени од огнот и се во стабилна состојба. Вкупно, во моментот на избивањето на пожарот во модуларната болница имало 26 лица.

Сè се случи многу брзо. Беше како да пука бомба. Бев тука во 9.10 часот. На самото место имаше пожарни, полицајци. Половина од болницата беше зафатена од пожарот и јас тука бев тука да го гаснам пожарот, не влегував внатре, други влегуваа. Страшно, се слушаше пукање. Има луѓе кои се плашат од пукање, ама јас сум хуман човек, не се плашам, сакав да помогнам, раскажува Алити за кобниот момент кога почнал пожарот и брзо ја зафатил целата болница.

Тој вели дека пожарот бил многу силен и брзо се ширел.

– Пожарот беше толку јак што и хеликоптер да дојдеше да го гасне од горе, не ќе можеше, искрен е Алити кој како и многу тетовчани, минатата ноќ ја помина во мисла за жртвите и последиците од пожарот кој ги шокираше тетовчани и целата јавност.

Очевидец: Страшно беше, се слушаше пукање од внатре – го гаснев пожарот, други ги спасуваа луѓето

Пожарот настанал затоа што се обидувале да реанимираат девојче и пукнал штекер, сведочи тетовчанка за „Слободен печат“

ФОТО+ВИДЕО: Тетово сѐ уште мириса на чад, на местото на трагедијата засилено полициско обезбедување

Роднина успеал да спаси свој близок од пожарот во Тетово

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот