ОБНОВЕНО Пожарот може да бил предизвикан од дефибрилатор со кој лекарите се обиделе да реанимираат девојче

Фото: EPA-EFE/STRINGER

Тетовчанка, чиј татко се лекувал од ковид во модуларната болница во Тетово, вели дека пожарот најверојатно настанал откако лекарите во соседната соба со дефибрилатор се обидувале да реанимираат девојче, кое било на умирање. Во моментот на интервенцијата, вели тетовчанката, слушнала повици дека во соседната соба мора да се анимира девојчето, лекарите и сестрите биле растрчани, а набргу потоа се слушнале панични повици дека избил пожарот.

Дека е можно дефибрилатор да ја предизвикал трагедијата во тетовската болница тврдат за „Слободен печат“ и лекари од инфективното одделение на болницата, со кои разговаравме под услови на анонимност. Според, овие неофицијалните верзии, можно е да дошло до искрење на штекерот на кој бил приклучен дефибрилаторот, или самите искри на дефибрилаторот да предизвикале пожар. Оваа верзија уште не е потврдена од официјални извори на истрагата.

Тетовчанката вели дека пожарот брзо почнал да се шири, но таа со помош на медицинскиот персонал, успеала низ прозорец да го извлече својот болен татко од болницата која била во пламен. Потоа тој бил сместен на интерното одделение на тетовската болница.

– Се изнагледав луѓе изгорени, лешеви, многу повредени, тоа беше страшно! Таква глетка не му посакувам никому да види. Болницата изгоре за неколку минути, во тие две минути кој успеа да се спаси, се спаси, гореше многу брзо – сведочи тетовчанката за „Слободен печат“.

Официјално, причините за пожарот се уште не се познати. Во моментов трае увидот на лице место, по што надлежните ќе излезат со официјални информации. 

Очевидец: Страшно беше, се слушаше пукање од внатре – го гаснев пожарот, други ги спасуваа луѓето

ФОТО+ВИДЕО: Тетово сѐ уште мириса на чад, на местото на трагедијата засилено полициско обезбедување

ОЈО: Обдукција на 14 починати, продолжува увидот по пожарот во модуларната болница во Тетово
Доктор Александар Станков: Обдукциите на 14-те починати од модуларната болница ќе бидат завршени денеска
Роднина успеал да спаси свој близок од пожарот во Тетово
Грчките медиуми за пожарот во модуларната болница во Тетово: Трагедија во Северна Македонија
Вучиќ: Србија е спремна да ѝ даде братска помош на Северна Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот