Обвинителството два месеца абер нема да го реши случајот со секс-кампот, извидничкиот одред и натаму организира активности

извидници
Илустрација: Извидници / Фото: Сојуз на извидници на Македонија

Основното јавно обвинителство абер нема да го реши случајот со сексуалниот камп на „Прв скопски извиднички одред“ кој пред два месеци ја разбранува македонската јавност.

Во организација на „Прв скопски извиднички одред“, организиран бил викенд камп под наслов ,,Секс скаутс и рокендрол”, каде учествувале малолетници постари од 16 години. Татко на девојче учесник во кампот, за „Слободен печат“ сведочеше за скандалозните активности кои биле спроведувани на кампот. Настанот во полиција го пријавија родители на тројца ученици, кои сведочеа дека како дел од активностите на децата им било наложувано да ги бојат половите органи и да ги пресликуваат на хамер, да кажуваат по колку сексуални партнери имале, да глумат секс пози и да се соблекуваат. Според изјавите на децата, учесници кои се отпишаа од извидници после скандалот, дел од сцените биле снимани со мобилен телефон.

„Станува збор за настап на рок песна на којшто едно од девојчињата играло без облека на горниот дел од телото, а градите и биле покриени само со колаж”, изјави за Слободен печат еден од родителите на децата инволвирани.

Меѓутоа, иако поминаа повеќе од два месеци откако кампот беше организиран, истражните органи уште немаат покренато обвинение, ниту пак го имаат затворено случајот.

,,Во предметот за кој покажувате интерес интензивно се постапува. Надлежниот јавен обвинител се уште го очекува вештачењето на одземениот мобилен телефон, кое по наредба на ОЈО Скопје, треба да го изврши Министерството за внатрешни работи. Вештачењето е неопходен елемент за да се утврди дали постои снимка од наведениот настан и што таа прикажува. Во меѓувреме се обезбедуваат други докази поврзани со настанот. Со оглед на тоа што потенцијалните жртви се малолетни лица, кон постапката за прибирање вербални докази ќе се пристапува исклучително внимателно откако ќе бидат обезбеедени материјалните докази и утврдени фактите во предметот”, одговорија од ОЈО на прашањето на Слободен печат зошто правдата во овој случај е спора.

„Прв скопски извиднички одред“ во меѓувреме организира извиднички активности кои се промовираат на Фејсбук. По едномесечената пауза и чекањето да спласнат импресиите на јавноста, организацијата продолжи да работи. Во врска со кампот со сексуално образование, оттаму рекоа дека активностите се извадени од контекст, односно децата погрешно ги разбрале.

,,Сакаме да напоменеме дека нашиот настан не претставува никаква манифестација на неморал, блуд или сексуално вознемирување. Сметаме дека многу делови од игрите се погрешно протолкувани,“ рекоа во соопштението од ПСИО.

За овој камп со сексуална едукација се крена голема прашина во јавноста. Повеќе организации се оградија од организацијата и престанаа да ја финансираат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот