Обвинителството бара притвор за двајцата насилници од Штип

Осомничените во текот на јануари годинава, заедно извршиле грубо насилство врз девојка од Штип, извести ОЈО.

Двајцата насилници од Штип кои крвнички тепаа девојка се на распит кај судија, јави ТВ Стар. С.А. и П.Р. од Штип во моментов се на распит кај судија на претходна постапка Олгица Павлова и треба да го слушнат обвинението и да се изјаснат по него.

Основното јавно обвинителство во Штип денеска поднесе предлог за определување притвор за две лица, жители на Штип на возраст од 23 и 26 години, за кои постои основано сомнение дека го сториле кривичното дело насилство.

„Осомничените во текот на јануари 2020 година, заедно извршиле грубо насилство над оштетената, на начин што отишле во куќата каде престојувала и започнале да ја навредуваат и удираат со тупаници и шлаканици во пределот на лицето и главата.

Потоа со влечење ја однеле во влез на станбена зграда каде продолжиле со вршење на насилството. Додека го вршеле грубото насилство, осомничените снимале со мобилен телефон, со кои дејствија кај оштетената и во јавноста предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв.

Во насока на обезбедување непречено одвивање на кривичната постапка, како и поради постоење на околности кои укажуваат дека осомничените ќе го повторат кривичното дело, обвинителството го достави предлогот за определување притвор за двајцата осомничени“ извести ОЈО.

Фото: ТВ Стар

Во Судот во Штип, тие беа донесени директно од полициската станица со полициско обезбедување. Одлуката на судијката дали ќе бидат притворени или ќе се бранат од слобода се очекува.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот