Обри Плаза го очекува своето прво дете со новиот партнер, една година по смртта на сопругот
Актерката Обри Плаза го очекува своето прво дете со партнерот и колега Крис Абот. Извор близок до актерката за „Пипл“ изјави дека нејзиниот термин за породување е оваа есен.
Препорачано
– Беше прекрасно изненадување по емоционално тешка година. Двојката се чувствува благословена – рекол изворот.
41-годишната Обри и 40-годишниот Крис претходно соработуваа на оф-Бродвејското оживување на „Дени и длабокото сино море“ и во филмот од 2020 година „Црна мечка“. Тој моментално се појавува на Бродвеј во оживувањето на класикот на Артур Милер „Смртта на продавачот“ заедно со Натан Лејн и Лори Меткалф.
Минатиот месец, и покрај тоа што веќе беше бремена, Плаза успешно го сокри трудничкиот стомак додека седеше во првиот ред на Модната недела во Париз. На ревијата на модната куќа „Луеве“, таа носеше преголема кожена јакна во комбинација со црвен џемпер и чизми до глужд, додека на презентацијата на „Лакост“ се појави во полежерна верзија – портокалова поло маица и мини здолниште.
Да потсетиме, актерката го загуби својот сопруг, сценаристот и режисер Џеф Бејн, минатата година, што ја направи оваа вест уште поемотивна за неа и нејзиното семејство.
На 47 години: Сопругот на актерката Обри Плаза пронајден мртов во својот дом


