Фото: Profimedia

На 47 години: Сопругот на актерката Обри Плаза пронајден мртов во својот дом

Режисерот Џеф Баена, сопруг на познатата актерка и комичарка Обри Плаза, почина на 47-годишна возраст.

Како што пишува Ти-ем-зи, тој бил пронајден мртов во нивниот дом во Лос Анџелес во петокот (3 јануари) од страна на асистентот. Официјалната причина за смртта сè уште не е објавена.

Последната објава на Плаза со нејзиниот сопруг е заедничка фотографија, под која напиша колку е горда на него.

„Толку сум горда на мојот драг сопруг што смисли уште еден филм кој нè однесе во Италија за да направиме повеќе проблеми“, напиша таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by aubrey plaza (@plazadeaubrey)


Најновата срцепарателна објава покажува колку ѕвездената двојка била во љубов.

Ниту Плаза, ниту нејзините претставници во медиумите сè уште не се огласиле за овој трагичен случај.

Тие беа во врска од 2011 година, а во 2021 година открија дека се венчале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот