Обновени пешачките патеки на улицата Љубљанска во Карпош

Со финалното асфалтирање на пешачката патека на улицата Љубљанска на потегот пред Сити Мол, заврши реконструкцијата на патеката во насока од булеварот Илинден кон булеварот Партизански одреди, на вкупна површина од 1000 квадратни метри. Со реализацијата на овие градежни активности, пешачката патека на Љубљанска, како што информирааат од ЈП „Улици и патишта“ целосно е реконструирана од двете страни, на вкупна површина од 2.300 квадратни метри.

 Со цел зголемување на безбедноста за пешаците и спречување на непрописно паркирање возила, на реконструираната пешачката патека досега се поставени 94 заштитни столпчиња, а во наредниот период ќе се постават на целиот потег. Со обновувањето на пешачката патека се олеснува движењето на пешаците на овој потег и се зголемува безбедноста за учесниците во сообраќајот во овој дел од градот – велат од претпријатието.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот