Облеката ви се обои при перење? Со овие ефикасни трикови лесно ќе ги отстраните дамките
Облеката која случајно сте ја обоиле при перење е чест проблем во домаќинствата, а непријатните дамки често изгледаат како да не можат да се отстранат.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Иако на прв поглед изгледа дека нема решение, постојат проверени методи кои можат да помогнат вашата бела облека повторно да заблеска. Еве неколку практични совети како да ги отстраните дамките од боја, без разлика дали се работи за памучни маици, пешкири или постелнина.
Во случај на бели памучни парчиња, како пешкири или постелнина, често е можно да се „свари“ облеката во топла вода. Бидете внимателни со маици со натписи или апликации, бидејќи високите температури можат трајно да го оштетат материјалот.
Методи за отстранување на бојата:
Топла вода и детергент – Потопете ја облеката во топла вода со прашок за бели алишта на 30 минути до неколку часа. Потоа исплакнете и исперете ја во машина. Ако дамката остане, постапката може да се повтори до три пати.
Сок од лимон – Половина шолја сок од лимон измешајте со околу 3,5 литри врела вода и оставете ја облеката во мешавината еден час или преку ноќ.
Бел оцет – Мешавина од 1/4 шолја лимонов сок и половина шолја оцет може да послужи како природен избелувач, а за отстранување мирис додајте една шолја оцет во последниот циклус на испирање.
Сода бикарбона – Делува како благи избелувач и неутрализатор на мирис, а има и антибактериско дејство кое помага во заштита од бактерии.
Со овие методи и совети, дури и белата облека која случајно се обоиле може да се врати во првобитната состојба, а вашите омилени парчиња повторно ќе изгледаат свежо и чисто.


