Облачиња за вечера или појадок – лесни тестенца за правење, уште полесни за јадење

пржено тесто, уштипци

Овие лесни воздушести тестенца мајка ми ги вика „штрумфови“, јас ги викам „перничиња“, во балканската кујна ги викаат „уштипци“, а може да ги наречете и облачиња. Се прават буквално за 15 минути!

За овој рецепт не ви треба многу, а овие состојки сигурно ги имате во фрижидер. Важно е да сте гладни и да имате добра комбинација за ова тесто.

Потребни состојки:

  • 1 јајце
  • 200 гр брашно
  • половина прашок за печиво
  • малку сол
  • 150 мл јогурт
  • масло за пржење

Подготовка:

Изматете го јајцето со солта и јогуртот и додавајте го постепено брашното. Смесата треба да биде мека и леплива. Можете по желба да додадете и сирење во смесата (јас некогаш ставам). Оставете ја смесата да одмори 10тина минути и потоа во загреано масло, на среден оган, со лажица вадете форми и пржете ги перничињата додека не заруменат. Со лажица со дупчиња извадете ги од маслото и ставете ги на кујнска хартија да се исцедат од вишокот маснотија.

Послужете ги со сезонски додатоци – ајвар, сирење, туршија… И уживајте!

Видео на денот