Објавен е повик за учество на млади поети на „Скопје СИ ТИ“ во рамки на манифестацијата „Денови на поезијата“
Во периодот од 20 до 23 март и годинава, „Скопје сити мол“ заедно со Фондацијата „Ацо Шопов Поезија“, „ПНВ Публикации“, „Култура Бета“ и други чинители го организира проектот „Денови на поезијата“ со низа настани што ја промовираат поезијата.
Препорачано
– Како и минатата година, така и оваа, го организираме и настанот наменет за поддршка на младите поети „Скопје СИ ТИ“ ‒ поетско читање на млади поети и поетеси почетници, за оние што можеби и не објавиле ништо досега, нудејќи им шанса да бидат прочитани, видени и слушнати – истакнуваат организаторите на настанот.
Заинтересираните учесници треба да се на возраст од 16 до 25 години и да испратат куса биографија и две свои песни во ворд-документ на мејлот [email protected], најдоцна до 14 март.
Имињата на одбраните поети учесници на настанот ќе бидат објавени на 17 март на Фејсбук и на Инстаграм-страниците на „Култура Бета“ и „ПНВ Публикации“, а настанот ќе се одржи во „Скопје сити мол“ на 23 март, со почеток од 18 часот.


