Објавата за смртта на Чедвик Босман е најлајкувана во историјата на Твитер

IMDB

На официјалната страница на Твитер е објавено дека статусот кој на 29 август беше објавен на профилот на починатиот глумец Чедвик Босман, стана најлајкуваниот статус на Твитер.

По четири години борба со болеста, почина „Црниот пантер“: Беше вистински борец

Статусот досега го лајкувале повеќе од 6,6 милиони луѓе, со што е срушен рекордот на статусот на Барак Обама, кој се сметаше за најлајкуван со 4,3 милиони лајкови.

„Со немерлива болка јавуваме за смртта на Чедвик Босман. На Чедвик му е дијагностициран трет стадиум на рак на дебелото црево во 2016 година, а тој со него се бореше последните четири години додека ракот поминуваше во четвртиот стадиум. Вистински борец, Чедвик издржа сè и донесе многу филмови што ги сакавте. Сите се снимени во тек и меѓу бројни операции и хемотерапии…
Почина во својот дом, покрај семејството и сопругата. Семејството ви се заблагодарува на љубовта и молитвите и ве моли за почитување на приватноста во текот на ова тешко време“, пишува во статусот.

Приказна од која се крши срцето: Се венчале тајно само неколку месеци пред неговата смрт, била со него до самиот крај (ФОТО)

„Црниот пантер“ зборуваше за ракот и плачеше, а никој не ја знаеше неговата тајна (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот