Обама: Нетанјаху ме убедуваше да го нападнам Иран, но одбив
Поранешниот американски претседател Барак Обама даде интервју за списанието „Њујоркер“, во кое се осврна на актуелниот конфликт меѓу САД и Израел против Иран. Тој истакна дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, користејќи слични аргументи, се обидел да го убеди да дозволи САД да го нападнат Иран.
Препорачано
„Како и со Доналд Трамп, тој се обиде да ме убеди, но знаев што ќе се случи и одбив. Знаев дека нападот не вреди за последиците. Мислам дека моето предвидување беше точно“, рече Обама.
Тој додаде дека постојат сериозни прашања околу тоа кој требало да има поголема корист од нападот – САД или Израел.
„Нетанјаху го доби она што го сакаше. Дали е тоа најдобро за народот на Израел, тоа е големото прашање. Дали е најдобро за народот на Соединетите Американски Држави и за Америка воопшто, тоа е големото прашање“, рече поранешниот американски претседател, нагласувајќи дека често не се согласувал со израелскиот премиер.
Обама конкретно ја коментираше и реториката на Трамп од почетокот на војната, особено неговите закани за „бришење на цивилизациите“. Таквите изјави ги оцени како спротивни на американските вредности.
„Ако не им дадеме глас на тие основни вредности – дека има невини луѓе во земји со лоши влади и дека мора да се грижиме за тие луѓе, дека можеме да правиме грешки ако не внимаваме на ароганцијата и личниот интерес – светот би можел да се распадне на многу лоши начини“, рече Обама.
Укажувајќи на пошироката штета што Трамп ја нанел на односите на Америка со сојузниците, Обама предупреди дека нивната обнова ќе биде огромен предизвик.
Обама реагираше по обидот за атентат врз Трамп: Нема место за насилство во нашата демократија
Трамп е оптимист дека ќе постигне подобар договор со Иран од Обама


