„Нвидиа“ за момент го престигна „Епл“ на врвот и стана највредна светска компанија
Производителот на компјутерски чипови и софтвер „Нвидиа“ го симна од тронот на највредните светски компании гигантот „Епл“, по рекордниот раст на акциите поттикнат од огромната побарувачка за новите чипови со вештачка интелигенција. Пазарната капитализација на „Нвидиа“ на кратко достигна 3,53 билиони долари, додека вредноста на „Епл“ беше 3,52 билиони долари, според податоците на LSEG кои ги пренесе „Ројтерс“.
Препорачано
Во јуни, „Нвидиа“ накусо исто така стана највредната компанија во светот, пред да биде надмината од „Мајкрософт“ и „Епл“. Пазарната капитализација на технолошката тројка беше приближно еднаква во минатите неколку месеци. Денес, вредноста на „Мајкрософт“ беше на нивото од 3,20 билиони долари.
Акциите на Nvidia пораснаа за околу 18 проценти досега во октомври, со серија добивки откако OpenAI, компанијата зад ChatGPT, објави круг на финансирање од 6,6 милијарди долари. „Nvidia“ нуди чипови кои се користат за обука на таканаречените основни модели како „OpenAI GPT-4“.
„Сега повеќе компании ја прифаќаат вештачката интелигенција во нивните секојдневни задачи, а побарувачката за чиповите на „Nvidia“ останува силна“, вели Рас Моулд, главен инвестициски директор во „AJ Bell“.


