Нуредини: Државата ќе има бенефит од прогласувањето на Шар Планина и Осоговските планини за заштитни подрачја

Прогласувањето на Шар Планина и Осоговските Планини за заштитени подрачја, не само што ќе ги исполниме националните, стратешките и меѓународни цели за заштита на природата, бенефит ќе има и државата, а особено ќе имаат корист општините кои ќе опфаќаат делови од заштитеното подрачје и локално население. Ова денеска го посочи министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на прес-конференција во Владата.

Со финализација на овој процес, додаде тој, ќе се зголемат можностите за прекугранична соработка со соседните земји, особено од аспект на фактот дека Шар Планина ќе стане еден од најголемите национални паркови во Европа, а истовремено, посочи, заштитата на овие подрачја значи напредок и исполнување на обврските кон ЕУ директивите.

– Соодветното управување со заштитените подрачја значи користење на огромниот потенцијал за развој на локалната економија. Тоа подразбира заштита и зачувување и одржливо користење на природните вредности, заживување на селата во и околу заштитеното подрачје со развој на еко туризмот, традиционалното земјоделие и овчарството, наведе министерот.

Согласно законската процедура за прогласување на заштитените подрачја, Нуредини соопшти дека ќе има јавни дебати базирани од предлозите на локалното населени. По усогласувањето на мислењата и забелешките ќе бидат изготвени конечните предлози за прогласување на овие локации кои повторно ќе бидат доставени до Владата за усвојување. Тој увери дека ќе бидат земени предвид сите барања од засеганатите страни за обезбедување на заштита на природата без нанесување на штети на локалното население и обезбедување на развој на локалитетите според европските стандарди.

На вчерашната седница на Владата беа усвоени иницијативите на МЖСПП за заштита на две подрачја во нашата држава – Шар Планина и Осоговските Планини, за прогласување на Шар Планина за заштитено подрачје во категоријата Национален парк и прогласување на Осоговските Планини за заштитено подрачје од категоријата V. Статусот на заштита, како што информира Нуредини, бил утврден од страна на експертски тим кој спровел студија за валоризација на подрачјата и со кои било утврдено дека содржат високо ниво на биолошки и културни вредности за чие зачувување треба да бидат преземени мерки.

Прашан за тоа дека постојат студии кои зголемената смртност од Ковид-19 ја поврзуваат со големата загаденост на водухот, како во Ломбардија и Вухан, и што презема Владата за справување со загаденоста бидејќи на есен и зима се предвидува можен втор пик, Нуредини рече дека има меѓународни студии кои укажуваат дека тие што биле изложени на загаденост можно е да имаат поголема смртна стапка.

-Ова го знаеме и ние, дека имаме проблем со тоа. Ќе се инвестира многу повеќе во спречувањето на загадувањето на воздухот, да бидеме поефикасни со транспортот. Исто така ќе го поддржиме транспортот и гасификацијата во нашата држава. Со тоа ќе се намали загадувањето на воздухот, нагласи Нуредини.

На новинарско прашање дека е уништена инфраструктурата во НП „Шар Планина”, Нуредини рече дека за ова ќе се дебатира со јавноста и со властите.

– Во оваа фаза ќе разговараме со локалните власти да ја развиеме инфраструктурата, да ги подигнеме стандардите што ги заслужува еден национален парк. Во исто време ова ќе овозможи и локални и странски инвестиции, доколку ги спремаме европските стандарди што ги заслужува еден национален парк каде што ќе имаме и летен туризам, но и зимски туризам, рече Нуредини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот