Нуно Гомеш: Италија е фаворит, но Македонија не треба да се потцени

Нуно Гомеш жали што или Португалија или Италија ќе се најде на Мундијалот/Фото: EPA/HUGO DELGADO

Поранешниот португалски репрезентативец исто така со големо внимание следната година во март ќе ги следи настапите во желбите неговата национална селекција биде дел од Мундијалот во Катар 2022.

Потсетување дека со жрепка беа одредени паровите во баражот за пласман на Светското првенство, а Македонија ќе гостува кај Италија и доколку триумфира во финалето ќе игра со подобриот од мечот Португалија – Турција.

Гомеш, поранешен играч на Боавишта, Бенфика, Фиорентина, Брага и Блекбурн роверс е сигурен дека Италија ќе ја совлада Македонија:

– Италија е фаворит, но не треба да се потцени Македонија која во своите редови го има Елиф Елмас и кој игра за Наполи. Сигурен сум дека италијанскиот селектор Манчини добро ќе ја подготви репрезентацијата за овој меч и на крајот триумфира.

Ми се допаѓа играта на Турците, но се надевам дека во финалето за пласман на Светското првенство Португалија ќе се соочи со Италија.

Нема да биде лесно за тие кои го сакаат фудбалот, бидејќи една од овие две селекции (Португалија и Италија) ќе остане без пласман на Мундијалот, а јас сакам и двете да бидат дел од тоа големо натпреварување – вели Гомеш за турскиот медиум „ТРТ Спор“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот