Нуланд се повлекува од функцијата заменик државен секретар по политички прашања

Викторија Нуланд
Викторија Нуланд / Фото: EPA/NAKE BATEV

Викторија Нуланд заминува од функцијата заменик државен секретар по политички прашања во американскиот Стејт департмент, соопшти државниот секретар Ентони Блинкен.

Таа ги олицетвори стремежите на претседателот Бајден да ја врати дипломатијата во центарот на надворешната политика и да го обнови глобалното лидерство на Америка во решавачки момент за нашата земја и за целиот свет, наведе Блинкен, додавајќи дека тоа е крај на една извонредна државна служба долга три и пол децении при шест претседатели и десет државни секретари.

Блинкен ја потенцира лидерската улога на Нуланд за спроведување на политиката на САД во однос на Украина и нејзините напори да се спротивстави на сеопфатната инвазија на Русија, за создавање глобална коалиција за обезбедување стратешки пораз на плановите на претседателот Владимир Путин и пружање помош за Киев.

Американскиот претседател Џо Бајден и Блинкен испратија барање до заменикот државен секретар по менаџмент во Стејт департментот, Џон Бас, да ја преземе функцијата вршител на должноста заменик државен секретар по политички прашања додека не биде утврдена кандидатурата на наследникот на Нуланд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот