Њујорк тајмс: Владата на САД не најде докази за можно вселенско летало на вонземјани

Вселена / Илустрација

Американските разузнавачки служби не најдоа докази дека неидентификуваниот воздушен феномен, забележан од морнарички пилоти изминативе години, е вселенско летало на вонземјани, но, откритијата остануваат необјаснети во дологочекуваниот владин извештај, објави „Њујорк тајмс”.

Извештајот, исто така, открива дека поголемиот дел од настаните, документирани изминативе две децении, не потекнуваат од каква било воена или друга напредна технологија на американската Влада, објави „Њујорк тајмс”, цитирајќи високи официјални лица од администрацијата.

Весникот пишува дека американските разузнавачи веруваат оти експериментална технологија на ривалска сила би можела да биде објаснување барем за дел од феномените, пренесува Гласот на Америка.

Според текстот во Њујорк тајмс, неименувано официјално лице изјавило оти разузнавачите и воените официјални лица биле загрижени дека Кина и Русија би можеле да експериментираат со хиперсонична технологија.

Некласифицирана верзија на извештајот, која се очекува да биде испратена во Конгресот до 25 јуни, ќе покаже уште неколку други заклучоци, објави „Њујорк тајмс”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот