Њујорк ангажира трагачи за следење на коронавирусот: Буквално ќе ни требаат над илјада луѓе да влеземе во трага на заразените
Бившиот градоначалник на Њујорк, Мајк Блумберг ќе помогне да се создаде „армија на трагачи“ кои ќе ги пронаоѓаат заразените со коронавирус и ќе ги ставаат во изолација, најави гувернерот на сојузната држава Њујорк, Ендрју Куомо.
Њујорк е епицентар на пандемијата и следењето на заразените во градот со осум милиони жители ќе биде тешка задача.
Куомо планира бројот на тестови за коронавирус на дневно ниво да се зголеми на 40.000, пренесува Ројтерс.
– Буквално ќе ни бидат потребни над илјада луѓе да влеземе во трага на заразените, рекол Куомо наведувајќи дека во Њујорк на тоа моментално работат повеќе од стотина трагачи.
Училиштето за јавно здравје на Блумберг ќе креира онлајн обука, додека Блумберг Филантропија ќе даде 10.5 милиони долари за таа цел.