НОВОСИБИРСКИ МАЛДИВИ: Отровното езеро е нов хит на Инстаграм (ФОТО)
Едно езеро во Русија е хит на социјалните мрежи поради кристално сината вода која потсетува на Малдивите.
Но, всушност ова езеро, кое е познато како „Новосибирски Малдиви“ е многу отровно, бидејќи во него се испушта отпад од блиската електрана.
Поради тоа, на туристите им е забрането да се капат во него.
Оние, најхрабрите, сепак решиле да не послушаат и често доаѓаат да се фотографираат, а некои дури и ја пијат водата.
Сината боја на езерото доаѓа од растворените оксиди на различни метали, кои може да бидат опасни ако дојдат во допир со кожата.
https://www.instagram.com/p/BzqnRhzoOy_/?utm_source=ig_embed