Фото: Freepik

Новогодишните светилки не се само за елката, тие ќе се вклопат и на овие три места

За новогодишните празници домовите се трансформираат во топли засолништа полни со блескави детали, мирис на зимски задоволства и новогодишни украси што нè враќаат во најубавите моменти од детството.

До елката и украсите, тие секогаш се на врвот на листата на празнични омилени – новогодишните светилки. Тие имаат единствена моќ целосно да ја променат атмосферата во еден простор, внесувајќи специфично чувство на мир, топлина и магија што не може да се спореди со ништо друго.

Иако светилките традиционално се закачуваат на новогодишната елка како последен чекор од украсувањето, тоа е всушност најмалку инвентивниот начин да се користат.

Со модерните трендови што секојдневно пристигнуваат од Пнтерест, Инстаграм и Тикток, светилките добија сосема нова улога.

Светилки во тегли и шишиња ќе ја надополнат празничната атмосфера

Еден од најбараните празнични трендови во последните години се светилките вметнати во стаклени тегли, шишиња или чинии.

Овој минималистички пристап дава одличен ефект и не бара никаков посебен напор – доволно е само да вметнете венец од светла во проѕирен сад и веднаш добивате декоративен предмет што изгледа модерно, чисто и елегантно.

Можете да ги дополните теглите со шишарки, сушени портокали, цимет или минијатурни декорации за дополнителна топлина.

Рамките и огледалата се направени да блеснат

Огледалата, сликите и фотографии се декоративни елементи сами по себе, но кога ќе ставите венец или гранки од елка врз нивните рамки и жичени светла, добивате декорација што изгледа како нешто од списание за внатрешен дизајн.

Светлината се рефлектира во површината на огледалото, па просторот изгледа посветол, визуелно поголем и многу попразничен. Тоа е идеално решение за ходници, дневни соби и спални соби каде што сакате да нагласите одреден дел од просторот.

Не заборавајте да го декорирате и мебелот

Ако сакате посуптилна декорација, распоредете ги светлата по рабовите на полиците, околу заднината на креветот, под комодата или по работ на бирото.

Овие дискретни светла создаваат чувство на топлина и длабочина во ентериерот, а се особено практични за помали станови бидејќи не зафаќаат простор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот