Ново истражување: Паметните часовници ја идентификуваат Паркинсоновата болест дури 7 години пред да се појават симптоми

Фото: Pixabay

Во новата студија се вели дека паметните часовници би можеле да ја идентификуваат Паркинсоновата болест до седум години пред да се појават првите симптоми и да направат клиничка дијагноза, пишува „Би-би-си“.

Научниците од Универзитетот во Кардиф, ги анализирале податоците собрани од паметните часовници во период од 7 дена, мерејќи ја брзината на движење на субјектите. Откриено е дека вештачката интелигенција, може да се користи за да се одреди кои субјекти веројатно ќе развијат Паркинсонова болест во иднина.

Ова потенцијално револуционерно откритие, може да се користи како нова алатка за скрининг на оваа болест, овозможувајќи откривање на нарушувањето во многу порана фаза, отколку што дозволуваат сегашните методи. Паркинсоновата болест влијае на допаминските неврони, клетки кои се наоѓаат во областа на мозокот позната како сива материја.

Предизвикува моторни симптоми како тремор, вкочанетост и бавност на движењето. Карактеристичните симптоми на оваа тешка болест често се појавуваат во тој стадиум, кога повеќе од половина од клетките во сивата материја се веќе изумрени и затоа има потреба од евтина, сигурна и лесно достапна стратегија.

„Податоците за паметните часовници се лесно достапни и евтини. Од 2020 година, околу 30 отсто од населението во Обединетото Кралство носи паметен часовник. Користејќи го овој тип на податоци, би можеле потенцијално да идентификуваме поединци во раните фази на Паркинсоновата болест кај општата популација. Овде покажавме дека една недела собрани податоци можат да предвидат настани до седум години однапред“, вели др. Синтија Сандор, раководителот на ова истражување.

Во моментов, нема други споредливи збирки на податоци што би овозможиле слична анализа. Сепак, истражувачите велат дека била спроведена опсежна евалуација за да се постигне објективен резултат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот