Истражување открива што се случува со нашиот мозок кога сме заљубени
Заљубувањето може да наведе многу луѓе да прават работи кои веројатно не би ги направиле доколку не се заљубени, а научниците сега открија што се случува во нашите тела во тој период.
Препорачано
Низ историјата, научниците не се фокусирале премногу на влијанието на заљубувањето врз човековото однесување, но студијата спроведена на 1.500 млади луѓе, кои се идентификувале како заљубени, покажала дека мозокот работи сосема поинаку коа сте заљубегни.
Студијата била спроведена од докторантот на Австралискиот национален универзитет Адам Боде и д-р Фил Каванаг од Универзитетот во Канбера и Универзитетот во Јужна Австралија. Тие го набљудувале системот за активирање на однесувањето (BAS) во телото во однос на реакциите и одговорите на заљубената личност.
Системот на однесување во телото може да активира одредени однесувања кои се стимулираат со награди и позитивни реакции. Во една студија објавена во списанието „Behavioral Sciences“, тие дошле до заклучок дека мозокот се менува кога сте заљубени, а кога луѓето се особено сакани, нивните мисли стануваат повеќе насочени кон личноста во која се заљубени.
Каванах рекол дека хормонот окситоцин може да биде клучен фактор во промените кои се гледаат како „бранови“ на хормонот што циркулираат во нашиот нервен систем и крвотокот при интеракција со саканите, и заклучил дека љубовта ги активира „патеките во мозокот поврзани со позитивни чувства“.
„Саканите добиваат посебно значење благодарение на комбинацијата на окситоцин и допамин, хемикалии кои нашиот мозок ги ослободува за време на романтична љубов“, објаснил тој.


