Ново име во Англија: Освојувачот на Лига Европа на клупата на Вулверхемптон

Премиер лигата е новиот предизвик на Хулен Лопетеги/фото: EPA-EFE/Ina Fassbender

Хулен Лопетеги е новиот менаџер на Вулверхемптон, соопшти овој англиски клуб. Тој ќе го преземе тимот на 14 ноември, пред почетокот на паузата во Премиер лигата поради Светското првенство во Катар.

Откако Бруно Лаж доби отказ на 2 октомври, Вулверхемптон беше без менаџер еден месец.

Шпанскиот стратег првично не сакаше да дојде во Вулверхемптон, поради здравствената состојба на неговиот татко.

Лопетеги доаѓа од Севиља, со која ја освои Лигата на Европа во 2020 година, но многу лошиот почеток на тековната сезона доведе до разделба.

Во својата кариера беше тренер на Рајо Ваљекано, Порто, Реал Мадрид, ги водеше јуниорските селекции на Шпанија како и сениорската репрезентација на оваа земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот