Лијам Росениор/Strasbourg Alsace

Новиот тренер на Челси потврди: Се враќам дома, ваква шанса не се одбива

Работата е практично завршена, а Челси во текот на денот се очекува и официјално да го потврди Лиам Росениор како нов менаџер на тимот. Веста веќе ја потврди и самиот Росениор, кој јасно стави до знаење дека ќе седне на клупата на „сините“.

По отказот за Енцо Мареска, челниците на Челси експресно пронајдоа решение, а изборот падна на Росениор, кој на „Стемфорд бриџ“ пристигнува од Стразбур.

„Ќе бидам нов тренер на Челси, еден од најголемите клубови во светот“, изјави Росениор, не криејќи го воодушевувањето од новиот предизвик.

Да се води Челси е неверојатна можност. Ова е клуб со светска титула и огромна традиција. Се враќам дома, ќе бидам со семејството и со децата, и ќе потпишам за овој голем клуб. Ваква шанса не се одбива“, додаде тој.

Тој зад себе ги остава 18-те месеци поминати во Стразбур, период кој го опиша како најуспешен досега во својата тренерска кариера.

Росениор е роден во Лондон, каде што живее и неговото семејство, па ангажманот во Челси за него претставува и симболично враќање дома.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот