Новиот сингл „На старите станици“ на бендот „My Tear“ е промовиран со видеоспот

Во составот на бендот се Ненад Трифуновски - Трипе, Дени Крстев и Кристијан Лафазановски

Скопскиот состав „My Tear“ го објави својот најнов видеозапис за песната „На старите станици“ во режија на Милан Блажевски. Спотот е снимен во „Студио 1060“ од страна на Милан Блажевски и Јосип Здравковски, екипа позната по видеозаписите на бендот „21 Век“.

„На старите станици“ е прв сингл од новиот албум на „My Tear“ што треба да излезе до крајот на годинава. Дел од албумот ќе може да се слушне на фестивалот на нова музика „Здраво млади“ на 23 септември во Младинскиот културен центар.

„My Tear“ настанаа кога бендот „Фонија“ едноставно го смени своето име. Причината беше новиот звук на групата што одеднаш прерасна од панк-рок во инди / њу вејв. Во речиси пет години постоење и двегодишна пауза, групата ги има зад себе песните „Остави ме да бидам“, „Последниот Дедо Мраз“ (заедно со Петар Младеновски од „Суперхикс“) и „Лаги шарени“, кои дојдоа до првите места на топ-листите на популарните радиостаници во Македонија.

„Остави ме да бидам“ беше три недели на врвот на табелата на Антена 5 и Радио Бубамара и е прогласен за сингл на годината (2018) од култното инди-радио Канал 103.

Претходно имаат снимено три официјални видеа (режија: Горјан Атанасов и Милан Блажевски), две ЕП-изданија, албумот „My Tear“ (2019) објавен на винил за записи на „Балкан Велики“ и „Корпус деликти рекордс“, како и европска турнеја зад себе. Во 2023, „My Tear“ се Дени Крстев, Кристијан Лафазановски и Ненад Трифуновски – Трипе.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 197, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 23-24.9.2023)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот