Насловна корица на романот „Волк“

Новиот роман „Волкот“ од Константин Дораковски ја отвора вечната тема за природата на доброто и злото

Издавачката куќа „Макавеј“ го објави романот „Волкот“ од современиот македонски автор Константин Дораковски, дело во кое писателот се оддалечува од широките општествени и историски теми и длабоко навлегува во индивидуалната човечка психа.

Дораковски ја отвора вечната дилема за природата на доброто и злото во човекот, градејќи ја приказната околу ликот Велјан, млад човек чија внатрешна борба меѓу светлината и темнината прераснува во драматична, болна и мошне емотивна лична одисеја.

Романот го следи Велјан од неговото детство обележано со загуба и тишина, преку младоста исполнета со чувствителност, неправда и копнеж, па сè до моментот кога неговиот карактер се крши под товарот на низа животни удари.

Паралелно со реалната приказна, авторот мајсторски ја вметнува алегориската линија на „штркот“ и „волкот“ – двете спротивставени сили што ги симболизираат добрината и злото во човековата природа. „Волкот“ е роман во кој секоја страница го поттикнува читателот да се праша: што нè оформува – љубовта, болката или изборите што ги правиме?

„Ги покануваме читателите да го откријат овој возбудлив и продлабочен прозен свет. Како завршува приказната на Велјан останува на читателот самиот да го доживее и протолкува – без да откриеме повеќе, ќе кажеме само дека финалето на романот носи силен емоционален удар и отвора простор за длабоко размислување“, изјави уредникот на изданието Владимир Цветкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот