Насловна корица на книгата „Изгубени низ дупки во џебовите“, во издание на „Бата прес“

Новиот роман на Владо Јаневски излезе со наслов „Изгубени низ дупки во џебовите“

Неодамна од печат излезе најновиот, седми роман на Владо Јаневски, „Изгубени низ дупки во џебовите“, во издание на „Бата прес“, Скопје. Романот е за Југославија што не престанала да постои и беше селектиран во најтесен избор за наградата „Пегаз“.

Писателката Сузана Камберова за „Изгубени низ дупки во џебовите“ во својот осврт напиша: „Ова е четиво за љубителите на Борхес, Булгаков и Кафка, но и за сите што сакаат да почувствуваат како фикцијата може да биде и предупредување и утеха.“

Владо Јаневски е писател, поет, сликар и стрип-автор. Роден е во Прострање, Македонија. Во Битола завршил основно и средно образование. Високо образование стекнал во Скопје. Член е на Друштвото на писателите на Македонија. Честопати патува по светот – престојувал во осумдесетина земји.

Автор е на романите за возрасни: „Кој го уби Едгар Алан По“ („Или-Или“, Скопје, 2024), „Смртта не е крај“ („Арс Ламина“, Скопје, 2022), „Мртвите знаат најдобро“ („Арс Ламина“, Скопје, 2020), „Чудо зад аголот“ („Пагома прес“, Скопје, 2020), „Под друга капа“ („Магор“, Скопје, 2019), „Made in Jabana“ („Слово“, Скопје, 2004); збирка наградувани раскази „Нема враќање“ („Студентски збор“, Скопје, 1985) и поетски збирки: „На грбот на неповратот“ (Агенција за иселеништво, Скопје, 2024) и „Молкозбор“ (награден поетски ракопис, „Анте Поповски – Антево перо“, Скопје, 2025).

Владо Јаневски е добитник на повеќе книжевни награди: златен „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2020 г. и сребрен „Пегаз“ за роман во најтесен избор во 2025 г.; наградата „Стојан Христов“ за најдобра поетска збирка (2024); наградата „Антев златник“, за поетскиот ракопис со висок квалитет (2025); наградата „Скрипт Фест“ за најдобро сценарио за долгометражен филм (2021); наградите „Современи бајки од Македонија“ за две најдобри бајки (2021). Награди за краток расказ: многупати бил наградуван со први награди на конкурсите за раскази на весникот „Студентски збор“ и „Електролит“ („Темплум“, Скопје).

Повеќепати бил наградуван и на конкурсите за краток расказ на весникот „Нова Македонија“. Добитник е и на наградата „Македонски корени“ за постигнувања во литературното и ликовното творештво (2024). Финалист за наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија (2024), во најтесен избор за наградата „Роман на годината“ (2024) и финалист за поетската награда „Караманов“ (2025). Се занимава и со сликарство, учествувал на ликовни колонии во Македонија. Неговите слики се дел од приватни колекции во повеќе земји.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 332, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 16-17.5.2026)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот