Новиот директор на РЕК Битола забрани хранење кучиња, доби критики од портпаролката на Скопје ЗОО

Кучиња скитници
Кучиња скитници / Фото: МИА

Тина Мицковска, портпаролка на скопската Зоолошка градина, на социјалните мрежи објави наредба потпишана од в.д. директорот на РЕК Битола, Пеце Митевски, во која тој стого им забранува на вработените да чуваат и да хранат кучиња.

„Господин Митевски Пеце, како може прва работа откако станавте директор да биде да забраните хранење на кучиња? Што ви згрешиле невини душички гладни, кои патем и ја чуваат ЕСМ? Се надевам ќе си ја преиспитате оваа одлука, бидејќи не е по ниту еден закон, а патем е и нечовечка. Работете си ја работата најдобро што можете, но оставете ги кучињата и хуманите луѓе што ги хранат раат“, стои во објавата на Мицкоска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот