Нови заштитни мерки во Центар: Залепени клупи, со цел да не се шири заразата (ФОТО)

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ на Фејсбук информира дека преземаат мерки со цел заштита од ширење на коронавирусот.

-Денеска спроведовме акции за затворање и забрана за користење на јавната урбана опрема на територијата на Општина Центар.  Клупите за седење ќе бидат покриени и заштитени, како би се овозможило спречување и користење на урбаната опрема за време на дозволениот час за движење на граѓаните. Со овие дополнителни мерки кои ги преземаме ќе го спречиме групирањето на повеќе лица на едно место и ќе влијаеме на зголемена безбедност од дополнително ширење на вирусот. Продолжуваме интензивно и наредните денови. Оваа мерка ќе биде активна додека траат мерките и препораките од Владата на РСМ- напиша на Фејсбук Богдановиќ.

Повикува граѓаните да седат дома и да бидат одговорни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот