Уште две нови кривични дела: Актерот Расел Бренд обвинет за силување и сексуален напад
Британскиот комичар и актер Расел Бренд се соочува со две нови обвиненија за сексуални престапи, вклучително и силување, потврдени од Метрополитенската полиција и Крунска обвинителска служба, пренесува Би-би-си.
Препорачано
Истрагата против Бренд беше покрената по емитувањето на документарец на Канал 4 и истрагата на „Сандеј тајмс“, во која неколку жени го обвинија за сексуална злоупотреба.
Според новите обвиненија, Бренд е обвинет за силување на една жена и сексуален напад на друга. И двета дела наводно се случиле во текот на 2009 година. Наводното силување за кое е обвинет се случило во хотелска соба во Борнмут, каде што жената присуствувала на конференција на Лабуристичката партија.
Бренд сè уште не ги коментирал новите обвинувања.
Овие обвиненија се додаваат на веќе постоечката низа обвиненија со кои се соочува актерот. Претходно беше обвинет за две точки за силување, еден непристоен напад и две точки за сексуален напад во кои учествувале четири жени, наводно помеѓу 1999 и 2005 година.
Комичарот претходно ги негираше обвинувањата на сослушувањето во Крунскиот суд во Саутерк, каде што треба да започне неговото судење. Ново рочиште поврзано со овие прекршоци е закажано за 20 јануари 2026 година во Вестминстерскиот прекршочен суд.
ВИДЕО | Актерот Расел Бренд пуштен на условна слобода: „Не направив ништо без согласност“


