Нови дојави за бомби во трговски центри низ Белград

Евакуиран трговски центар во Белград по дојава за бомба/ Фото МИА.мк

Во неколку белградски трговски центри за помалку од половина час петпати било лажно дојавено дека се поставени бомби, соопшти српското МВР.

Станува збор за трговскиот центар ТЦ Рајиќева и ТЦ Биг во Раковица. Како што пишуваат српските медиуми, МВР добиле дојава и за поставена бомба во трговскиот центар во Бањица.

– Екипите се на терен и засега немаме повеќе информации – соопшти полицијата.

Од српското МВР велат дека добиле дојава за поставена бомба, по што наредиле сите веднаш да го напуштат трговскиот центар. Во моментов е во тек евакуацијата на сите клиенти и вработени.

Околу трговскиот центар Рајиќево се собраа голем број луѓе кои чекаат нови информации за експлозивната направа.

И минатиот месец имаше неколку дојави за бомби низ Белград и Ниш

Да потсетиме, на крајот на минатиот месец, граѓаните на Белград и Ниш беа загрижени поради дојавите за бомби во трговските центри и училиштата.

Дојавите за поставени бомби во училиштата почнаа од рано наутро, најпрвин во Медицинското училиште во Звездара, а потоа од минута во минута истата информација стигнуваше и до другите училишта.

Илјадници ученици беа евакуирани низ Белград, а експертите веруваат дека следните „мети“ би можеле да бидат големите јавни собири.

Поради дојави за бомби, евакуирани дваесетина средни училишта во Белград

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот