Поради дојави за бомби, евакуирани дваесетина средни училишта во Белград

Српска полиција/ Фото EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Дваесетина средни училишта и гимназии во Белград добија мејл за поставени бомби, по што учениците и професорите веднаш биле евакуирани. Српското МВР веднаш било известено.

„Слична ситуација се случи пред неколку дена во соседна Црна Гора. Нашата полиција прво ќе ги испита заканите, а децата и вработените нема да бидат вратени во училниците додека полицијата не потврди дека е безбедно, што е приоритет“, рече првиот вицепремиер и министер за образование Бранко Ружиќ.

Полицијата досега провери девет училишта на територијата на Белград и утврди дека станува збор за лажни дојави. Проверките продолжуваат, порачаа од Министерството за внатрешни работи на Србија.

„Влезе професорот по физика, само ни рече: „Имаме бомба во училиштево, мора да излеземе. Сите сме супер, еве сме пред училиште, само професорите се во паника и мислат дека е нешто сериозно“, изјави за Блиц ученик од Земунската гимназија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот