Сообраќајка кај „Народен фронт“ / Фото: „Слободен печат“, Методи Здравев
Сообраќајка кај „Народен фронт“ / Фото: „Слободен печат“, Методи Здравев

Нови детали за несреќата во која загина Љуба Јаковлеска во Капиштец – преминал во спротивната лента, возел пребрзо, маж и жена го пренеле преку Табановце

Обвинителството соопшти детали за вчерашната несреќа на улицата „Народен фронт“ во скопската населба Капиштец – ќе го гони осомничениот 18-годишен возач, кој во меѓувреме избегал од државата кон Србија преку граничниот премин „Табановце“, а во тоа, според ОЈО, му помогнале маж и жена, кои се уапсени кога се вратиле во Македонија.

„По улицата „Народен Фронт”, осомничениот управувал автомобил „Фолскваген пасат“ и со возилото извршил дејствие на непрописно поместување во лево, на коловозната лента наменета за сообраќај од спротивната лента, без притоа да се увери дека тоа може да го стори без опасност по другите учесници во сообраќајот, со брзина на движење на возилото неприспособена спрема својства, состојбата на патот, видливоста, густината на сообраќајот и другите сообраќајни услови. Освен тоа, автомобилот го управувал без да поседува важечка возачка дозвола. При такви услови, со возилото удрил во телото на оштетената Љуба Јаковлеска, која како пешак попречно го поминувала коловозот. Од ударот и падот на коловозот жената се здобила со тешки телесни повреди, а осомничениот без да ѝ укаже помош, веднаш го напуштил местото на настанот. Жртвата била префрлена во Ургентниот центар, каде и покрај укажаната медицинска помош починала“, пишува во соопштението.

Другите двајца осомничени, маж и жена, му помогнале на возачот да избега од Македонија, пренесувајќи го со својот автомобил преку граничниот премин „Табановце“.

„Тие се лишени од слобода по враќањето во земјава и за нив јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор. Притворска мерка е побарана и за осомничениот возач кој е во бегство и за него притворот ќе започне да се спроведува по неговото пронаоѓање и лишување од слобода. Во меѓувреме, врз основа на прибраните докази и определениот притвор, по него ќе биде распишана и меѓународна потерница со цел негово обезбедување“, додаваат од ОЈО.

Ни слика ни име и презиме нема да бидат објавени од 18-годишникот без возачка за кого има потерница откако смртно прегази жена во Капиштец

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот