Нови детали од работниот логор на озлогласената Елен Деџенерис

Една од поранешните вработени на Елен Деџенерис изнесе нови обвинувања против водителката, велејќи дека атмосферата кај Елен била неверојатно фрустрирачка. Како што изјави за американските медиуми, луѓето претежно останувале на своите работни места само неколку недели или месеци, а Деџенерис се однесувала недолично кон нив и ги малтретирала без вистинска причина.

Фото: Инстаграм

Некогаш најдобрата водителка на светот, а сега ја бие лош глас, Елен Деџенерис последните неколку месеци е под огромен притисок поради обвинувањата дека со години ги малтретирала своите вработени.

Веста за мобингот во нејзиното ТВ студио се прошири низ целиот свет и стана голем проблем дури и за нејзината продукциска куќа „WarnerMedia“, која исто така започна официјална истрага против водителката.

Започната истрага против Елен Деџенерис по обвиненијата на нејзините вработени

На вработените им се испратени писма во кои се известуваат дека ќе бидат сослушани. Истрагата ја поттикнаа нивните јавни признанија за малтретирање, расистички испади и застрашување од страна на 62-годишната водителка, меѓутоа таа засега не е официјално обвинета.

Прочитајте и...  Животните искушенија на Том Харди: Го допрев дното, со години бев зависник
Фото: Профимедиа

Бидејќи целиот случај дополнително од ден на ден сè повеќе се разгорува, а јавноста добива сè повеќе детали за наводниот проблем, „Дејли меил“ во своите нови текстови носи сведоштва од поранешни вработени кои тврдат дека атмосферата кај Елен била како да се наоѓа во „работен логор“.

Еден од вработените раскажа како Елен ги казнувала за секоја ситница. На пример, таа би одземала од нивната плата доколку пената во кафето не била таква како што таа очекувала тоа утро.

Таа наводно оставала и „стапици“ во нејзината канцеларија – кутија со кибрит под перницата, за да провери дали го исчистиле и тој дел од просторијата.

Фото: Инстаграм

Целиот тим на водителката кој помага во реализацијата на шоуто, брои околу 30 члена, кои како што тврдеа во април годинава, повеќе од 30 дена не добиле повратна информација околу тоа кога ќе добијат плата, колкава ќе им биде платата, но и кое им е работното време.

Прочитајте и...  АНАЛИЗА: Кој би победил во војната меѓу Азербејџан и Ерменија?

Покрај тоа, тимот на водителката дополнително бил гневен поради тоа што Елен во време на пандемија, одлучила да ангажира надворешни соработници кои ќе помогнат во непречената реализација на емисијата од нејзиниот дом во Калифорнија.

После триесет дена откако постојано прашувале кога ќе добијат плата, на крај вработените биле исконтактирани од страна на шефот на продукцијата, кој им соопштил дека платата отсега па натаму ќе им биде намалена за дури 60 проценти.

Елен Деџенерис без најава им ги намалила платите на вработените за дури 60 проценти!

 

Инаку, Елен Деџенерис, важи за една од побогатите водителки кои имаат свое телевизиско шоу. Нејзиното богатство се проценува на 360 милиони долари.

Елен Деџенерис се пошегува дека луксузната вила ѝ е како затвор и доби остри критики

Прочитај повеќе

Малку жени би имале храброст да го облечат ова: Погледнете како се појави Карлеуша на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ (ФОТО)

Васко Спасоски

Страста на жената во овој хороскопски знак привлекува многумина, но е тешка за сакање!

Слободен Печат

Филмскиот фестивал во Кан ќе се одржи во мини, симболично издание!

Слободен Печат

Кајли Џенер ужива во есента: Најмладата милијардерка го дочека новото годишно време во бикини кое едвај ѝ ги задржа градите! (ФОТО)

Слободен Печат

Морничавиот проект на Нетфликс: Што би направиле за само малку слава? (ВИДЕО)

Слободен печат

Ѕвездата од серијата „The Witcher“ сака да биде новиот Бонд: Дали Хенри Кавил е вистинскиот избор за агентот 007?

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Овој чај експресно помага во отстранување на болката во грлото и кашлањето!

Слободен Печат

Еди Рама ја отстрани фотографијата од Лешница

Маријана Митровска

На аукција вреќичката за инфузија која ја користел Мајкл Џексон

Слободен печат

Погледнете кое хоби најмногу ќе ве опушти: Одлично е за справување со стресот!

Слободен Печат

Прво инфаркт, па корона: Дејан Милиќевиќ сега си го „стесни“ желудникот и ослабе 35 килограми! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Ескалира ситуацијата: Турски Ф-16 соборил ерменски воен авион (ВИДЕО)

Маријана Митровска