Елен Деџенерис без најава им ги намалила платите на вработените за дури 60 проценти!

profimedia

Познатата водителка Елен Деџенерис, за да се заштити од коронавирусот, своето шоу го води од дома, но иако емисијата се реализира исто како и порано, сепак таа одлучила и без никаква најава, да им ги намали платите на вработените кои помагаат во реализацијата на нејзиниот проект и тоа за неверојатни 60 проценти.

Целиот тим на водителката кој помага во реализацијата на шоуто, брои околу 30 члена, кои како што тврдат, повеќе од 30 дена не добиле повратна информација околу тоа кога ќе добијат плата, колкава ќе им биде платата, но и кое им е работното време.

Покрај тоа, тимот на водителката дополнително бил гневен поради тоа што Елен во време на пандемија, одлучила да ангажира надворешни соработници кои ќе помогнат во непречената реализација на емисијата од нејзиниот дом во Калифорнија.

После триесет дена откако постојано прашувале кога ќе добијат плата, на крај вработените биле исконтактирани од страна на шефот на продукцијата, кој им соопштил дека платата отсега па натаму ќе им биде намалена за дури 60 проценти.

Инаку, Елен Деџенерис, важи за една од побогатите водителки кои имаат свое телевизиско шоу.

Нејзиното богатство се проценува на 360 милиони долари.

Елен Деџенерис се пошегува дека луксузната вила ѝ е како затвор и доби остри критики

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот