Започната истрага против Елен Деџенерис по обвиненијата на нејзините вработени

Американската водителка Елен Деџенерис и нејзината емисија The Ellen Show станаа предмет на официјална истрага по бројните тврдења на нејзините вработени за злоставување на работното место од страна на извршните продуценти.

И покрај тоа што Елен последниве 30-на години се обидува да се претстави како топла личност, сè поизразени се гласините за тоа каква е всупшност зад камерите, а тоа сериозно би можело да влијае на нејзината кариера.

Елен Деџенерис без најава им ги намалила платите на вработените за дури 60 проценти!

Вработените тврдат дека кога Елен ќе помине не смеат да ја погледнат во очи ни да и се обратат, а не се мали коментарите и за нејзиното „токсично однесување“.

Интерната истрага ја започнуваат групите за односи со вработените, WBTV-a и Warner Media, со цел да ја утврдат вистинитоста на шокантните тврдења.

На вработените им се испратени писма во кои се известуваат дека ќе бидат сослушани. Истрагата ја поттикнаа нивните јавни признанија за малтретирање, расистички испади и застрашување од страна на 62-годишната водителка, меѓутоа таа засега не е официјално обвинета.

Се жалела поради лакот за нокти на келнерката – Водителката ја разбесни јавноста, а приказната од нејзините вработени го покажа нејзиното вистинско лице

Најмногу обвиненија се насочени кон трите извршни продуценти Ед Гавин, Мери Конел и Енди Ласнер, кои за сè прозбореа во соопштението за јавноста.

„Во текот на скоро две децении емитување, 3000 епизоди и вработување на повеќе од 1.000 луѓе, се обидувавме да создадеме отворено, сигурно и инклузивно работно опкружување. Срцата ни се скршени и жал ни е поради секакво негативно искуство од нашето телевизиско семејство. Одговорноста за секоја емисија е наша. Сето ова го доживуваме многу сериозно и сфаќаме дека би требало да учиме да бидеме подобри, да се залагаме да работиме подобро“, пишува во изјавата.

Instagram

Целиот тим на водителката кој помага во реализацијата на шоуто, брои околу 30 члена, кои како што тврдеа во април годинава, повеќе од 30 дена не добиле повратна информација околу тоа кога ќе добијат плата, колкава ќе им биде платата, но и кое им е работното време.

Покрај тоа, тимот на водителката дополнително бил гневен поради тоа што Елен во време на пандемија, одлучила да ангажира надворешни соработници кои ќе помогнат во непречената реализација на емисијата од нејзиниот дом во Калифорнија.

После триесет дена откако постојано прашувале кога ќе добијат плата, на крај вработените биле исконтактирани од страна на шефот на продукцијата, кој им соопштил дека платата отсега па натаму ќе им биде намалена за дури 60 проценти.

Инаку, Елен Деџенерис, важи за една од побогатите водителки кои имаат свое телевизиско шоу. Нејзиното богатство се проценува на 360 милиони долари.

Елен Деџенерис се пошегува дека луксузната вила ѝ е како затвор и доби остри критики

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот